Tuesday, December 10, 2013

Прага , срцето на Европа


Прага (чешкиPraha) е главен и најголем град на Чешката Република и 14 по големина во Европската Унија. Се наоѓа на север од историската област Чешка на реката В’лтава, во централниот регион, кој е административен центар, но како посебна област е дел од неа. Градот е воедни и главен град на Средночешкиот крај. Toj е културен и економски центар на Чешка повеке од 1000 години Во Прага се наоѓаат голем дел од државните институции и голем број други организации и компании. Во Прага се наоѓаат претседателот, владата, централната власт и ограните на Врховниот суд. Покрај тоа, во Прага се лоцирани голем број на други канцеларии и е централно место на единиците на локалната самоуправа. Исто така во неа се наоѓа седиштето на повеќето политички партии, седиштето на речиси сите цркви, верси и други здруженија на национално ниво во Чешка.
За да ја достигне сегашната форма, Прага се развивала 11 векови. Како историски град, некогаш беше место на чешки кралеви и цареви, на германски и римски императори. Исто така Прага беше и главен град на Чехословачка. Во моментов има површина од 496 км² на која има 1,3 милиони жители. Во 2004 година (влезот во Европската Унија) биле одбројани приближно 2 милиони жители. Прага е економски развиенаи богата област со исклучително висок стандард на живеење, и со тоа се издвојува не само надвор од чешките туку и од европските стандарди. Според статичките податоци на Евростат е шестиот најбогат регион во Европа. ХДП по жител изнесува 172% додека во просекот на ЕУ, ХДП по жител изнесува 80%.
Прага се смета за еден од најубавите градови во Европа. Историскиот центар на градот со уникатна панорама на Прашкиот замок, најголемиот замочен комплекс во светот, кој е наследство од УНЕСКО. Историскиот центар на градот како и многуте атракции го прават привлечен градот за многу туристи. Од земијите на целиот свет во 2007 година, Прага ја посетиле 4 009 000 туристи, што го прави еден од најпосетените градови во Европа. Во 2006 година се наоѓа на 8 ранг од најпосетените градови во Европа. Потоа во 2007 година на 7 место. И во истата година се наоѓа на 19 ранг на најпосетени градови во светот.





 Катедралата во Прага






 Реката Влтава 
 Поглед  од мостот кон реката Влтава 

 Мостот Чарлс е историски мост од 14 век 



Часовникот во центарот на Прага


Име и атрибути


Официјалното име на Прага е од 1920 година, а потекнувало уште од 1784 г. Името на Прага традициално е изведено од зборот „ праг “. Историчарите велат дека Прага е именувана по една река бент или праг, кој се наоѓа некаде на местото кај што се наоѓа Карловиот мост денес. Легендата за основање на името за градот, објаснува дека принцезата Либусе се доселила во град каде што доселениците во овој град чекале на прагот на нејзината кабина.

Атрибутот на Прага, шеф на кралството, бил користен од средниот век, додека во 1518 година беше одбележан на градското собрание. Од 1927 година беше дел од атрибутот Прага, мајка на градовите. Додека од 1991 година е дел од карактерот на атрибутот Прага, претседател на република. Самостојно Прага за прв пат е употребен од страна на Јосиф Хормајер во почетокот на 19 век.

Историја


На територијата на денешна Прага, во праисторијата се сместени многу различни племиња од кои поседните беа Крешлице ( беа пред 7 години ). Во 6-от век на територијата на Прага се доселиле Словените. Важно културно место е реката В’лтава како и градбите што биле изградени од принцот Боривој кон крајот на втората половина од 9-от век, христијанската црква во Чешка посветена на Дева Марија. Синот на кралот Боривој, Спитихнев во почетокот на 10-от век израдил кружна платформа около палатата и и придонело заштита. Така биле поставеени темелите на денешниот Прашки замок. Прага стана центар на државата. Од Прашкиот замок и другите градини во Средночешкиот крај, владителите почнувале да се занимаваат со околината, којашто постепено била поделена на локални жители со свои бенефиции. За време на постоењето во замокот биле донесени многу занаетчии и трговци. Замокот почнува да се прероди во средниот век.







No comments:

Post a Comment