Прага (чешки: Praha) е главен и најголем град на Чешката Република и 14 по големина во Европската Унија. Се наоѓа на север од историската област Чешка на реката В’лтава, во централниот регион, кој е административен центар, но како посебна област е дел од неа. Градот е воедни и главен град на Средночешкиот крај. Toj е културен и економски центар на Чешка повеке од 1000 години Во Прага се наоѓаат голем дел од државните институции и голем број други организации и компании. Во Прага се наоѓаат претседателот, владата, централната власт и ограните на Врховниот суд. Покрај тоа, во Прага се лоцирани голем број на други канцеларии и е централно место на единиците на локалната самоуправа. Исто така во неа се наоѓа седиштето на повеќето политички партии, седиштето на речиси сите цркви, верси и други здруженија на национално ниво во Чешка.
За да ја достигне сегашната форма, Прага се развивала 11 векови. Како историски град, некогаш беше место на чешки кралеви и цареви, на германски и римски императори. Исто така Прага беше и главен град на Чехословачка. Во моментов има површина од 496 км² на која има 1,3 милиони жители. Во 2004 година (влезот во Европската Унија) биле одбројани приближно 2 милиони жители. Прага е економски развиенаи богата област со исклучително висок стандард на живеење, и со тоа се издвојува не само надвор од чешките туку и од европските стандарди. Според статичките податоци на Евростат е шестиот најбогат регион во Европа. ХДП по жител изнесува 172% додека во просекот на ЕУ, ХДП по жител изнесува 80%.
Прага се смета за еден од најубавите градови во Европа. Историскиот центар на градот со уникатна панорама на Прашкиот замок, најголемиот замочен комплекс во светот, кој е наследство од УНЕСКО. Историскиот центар на градот како и многуте атракции го прават привлечен градот за многу туристи. Од земијите на целиот свет во 2007 година, Прага ја посетиле 4 009 000 туристи, што го прави еден од најпосетените градови во Европа. Во 2006 година се наоѓа на 8 ранг од најпосетените градови во Европа. Потоа во 2007 година на 7 место. И во истата година се наоѓа на 19 ранг на најпосетени градови во светот.
Катедралата во Прага
Реката Влтава
Поглед од мостот кон реката Влтава
Мостот Чарлс е историски мост од 14 век